Николовски со честика по повод Св. Јоаким Осоговски: Се помолив за добро на сите нас, за мир и здравје, сила и мудрост!

Вицепремиерот за корупција, одржлив развој и човечки ресурси во новата Влада и генерален секретар на СДСМ Љупчо Николовски, кој потекнува од Крива Паланка, упати честика по повод големиот празник во чест на Светителот Јоаким Осоговски кој е закрилник на градот.

„Денот го започнав во надалеку прочуениот Осоговски манастир, стар преку илјада години и вистинско национално богатство за македонскиот народ. Денеска е голем празник. Св.Јоаким Осоговски, голем ден на кој го празнуваме споменот на светителот-заштитник на градот Крива Паланка. Се помолив за добро на сите нас, за мир и здравје, сила и мудрост. Им благодарам што со мене беа и претседателот на партиската општинска организација, како и претседателот на локалниот младински клуб на СДСМ. За многу години!“ – напиша Николовски во честитката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e