Николовски: Целосно сме фокусирани земјиштето да биде кај вистинските земјоделци

Се поголем е интересот за Секторот земјоделство, ние сме целосно фокусирани земјиштето да биде кај вистинските земјоделци, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски во гостувањето во емисијата Во Актуел на ТВ тера.

На последниот јавен повик кој што го отворивме во Министерството за доделување на земјоделско земјиште има историски рекорден број на апликации, три пати поголем од огласот кога сме имале најмногу апликации, посочи Николовски.

„Огромен е интересот и за поддршка за набавка на трактори, досега поднесени 1450 апликации, како и над 2000 апликации за субвенции за вештачко ѓубриво, кај кои веќе од наредната недела ќе биде првата исплата за првите 1000 апликанти“, рече Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e