Николовски: Браната Конско во Гевгелија ќе биде завршена до крајот на годинава

Претседателот на СДСМ Зоран Заев и генералниот секретар Љупчо Николовски денеска извршија увид во градежни работи на браната Конско, Гевгелија.

Николовски им се обрати на земјоделците од гевгелиско – валандовскиот крај.

1

„Пред неполни две години, јас како министер за земјоделство, шумарство и водостопанство и господинот Заев како премиер во Владата, бевме овде и го означивме почетокот на изградбата на браната Конско, капитален проект кој значи решавање на проблемот со наводнувањето на земјоделските површини, најголемиот проблем на земјоделците од овој регион. Завршени се 60 проценти од проектот и до крајот на оваа година се очекува комплетно да заврши изградбата на браната.“ – рече Николовски.

Тој потенцираше дека со изградбата на браната се решава многу важен проблем на гевгелиските земјоделци, но истовремено се создаваат услови за развој и за напредок, со оглед на тоа што ни се создаваат можности и за подобрување на водата за пиење, но и за нови извори на електрична енергија.

4

„Создаваме услови нашите земјоделци да бидат конкурентни на европските и светските пазари, бидејќи ќе имаат пониски производствени трошоци, ќе имаат навремено снабдување со вода за наводнување во текот на сезоната, што многу ќе придонесе за зголемување на производството и конкурентноста. Преку оваа брана обезбедуваме вода за наводнување на 8.000 хектари плодни земјоделски површини од овој регион. Сегашната површина е само 1.500 хектари. 6 и пол илјади хектари повеќе земја!“ – истакна Николовски порачувајќи дека секогаш им симнува капа на земјоделците бидејќи змејоделството го смета за исклучително благородна, достоинствена и крајно корисна работа.

„Колку само грижа, труд и посветеност вложува еден земјоделец во секое зрно семе за да роди здрав плод, кој потоа ќе го ужива некој човек на својата трпеза. Има ли похумано нешто од тоа?Токму затоа секој труд да се помогне на земјоделството е труд кој не е залуден. Напротив! Добредојден е и потребен.“ – заклучи генералниот секретар на СДСМ.

2

Придобивките од браната Конско ќе се видат и надвор од земјоделството. Капацитетите ќе бидат искористени и за редовно снабдување со квалитетна вода за пиење, за производство на електрична енергија, но и обезбедена вода за дотур за спас на Дојранското езеро.

Овој нов капацитет ја зголемува и рекреативната понуда во гевгелиско – валандовскиот крај. Се наоѓа веднаш под излетничко-рекреативниот локалитет Смрдлива вода на Кожув. Гевгеличани на само 20 километри од градот ќе имаат одличен простор за дружење и рекреација.

6

„Убавите работи се за човек да им се израдува. Да прослави. Да наздрави. Со членството во НАТО и преговорите со ЕУ ни следат уште многу убави работи и плодни години“ – порача Николовски во своето обраќање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e