Николовски: Благодарение на работата на медиумите институциите успешно се борат со лажните информации и се подигнува јавната свест

Им благодарам на медиумите за професионалниот и одговорен пристап во справување со КОВИД-19 кризата. Благодарение на нивната работа институциите успешно се борат со лажните информации и се подигнува јавната свест, истакна на Фејсбук генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

„Оваа година Светскиот ден на слободата на медиумите го одбележуваме во услови на пандемија и сериозни здравствено-економски предизвици. Токму сега се покажува дека слободата на медиумите и на изразувањето, како и безбедноста на новинарите, се суштински и витално значајни за секое општество“, посочи Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e