НИКОЛОВСКИ И БИТИЌИ ВО ПОСЕТА НА МАЛАТА ВИНАРИЈА “ЈОСТЕЛА”: Креираме конкретни мерки и политики за поддршка и развој на лозарството и винската индустрија

По денешниот увид на завршните активности од изградбата на најзначајниот и најголемиот водоснабдителен објект, Браната Конско, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски заедно со заменик претседателот на Владата задолжен за економски систем Фатмир Бетиќи ја посетија малата винарија “Јостела” која е можеби и првата мала семејна винарија во државата која постои уште од 2005 година.
411473420_896300425197128_3316065484734116180_n
411480175_896300261863811_2411385278688880766_n
411476653_896300325197138_4494906948866859287_n
– Разговаравме со Венера Гелебешева Крстиќ, сопственик на винаријата, која по професија е енолог. Венера има дипломирано на Земјоделскиот факултет во Скопје и целиот свој живот го посветува на лозарството и овоштарството кое за неа е животна пасија, љубов и начин на живеење, а како енолог работи околу 20 години, рече министерот Николовски.
411473462_896300221863815_5479073507385392340_n
Министрите го дегустираа новото бело вино Ѕуница кое овој викенд ќе ја има својата премиера и промоција. Малата винарија Јостела е препознатлива пред се по црвените вина и секако по розе од кабарне франк, кое е најпознато и најпродавано вино. Сместена на убаво место кон ски ценарот Кожуф, до неа се и фамилијаните лозови насади, па е и одлично место за посета на туристите. Најмногу гости има од странство кои се во потрага по мали и уникатни винарии.
411479793_896300135197157_4765083843693587050_n
– Како министерство даваме силна поддршка за развој на малите семејни винарии со грантови од 10.000 евра. Секторите лозарство и винарство, за нас, како министерство и Влада се едни од најзначајните сектори. Нашата посветеност во развојот на овие два важни сектори, овие изминати седум години, сме ја докажале преку креирање на конкретни мерки и политики за поддршка и развој на лозарството и винската индустрија, но и преку вложувањето, во силна меѓународна промоција на нашето македонско вино, потенцира Николовски.
411485303_896300171863820_2464762607277633605_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e