На денешната средба меѓу министерот Љупчо Николовски и аргентинскиот амбасадор Алфредо Нестор Атанасов тема на разговор била засилената соработка во делот на винарството и лозарството, како и соработка за подобрување на генетскиот потенцијал кај говедарството.
„Остварив средба со аргентинскиот амбасадор Алфредо Нестор Атанасов. Разговаравме за засилена соработка во делот на винарството и лозарството, како и соработка за подобрување на генетскиот потенцијал кај говедарството. Се согласивме дека и двете држави ќе работиме на унапредување и зајакнување на соработката преку потпишување на Меморандум за соработка во областа на земјоделството.“, рече Николовски.
„Аргентинскиот амбасадор е љубител на нашето македонско вино, а јас фан на аргентинскиот фудбал. При денешната средба разменивме автентични вина од нашите земји, но и посакав успешен натпревар на Аргентина овој петок на мечот против Холандија“, напиша Николовски на својот фејсбук-профил.