Николовски: Анкетен лист до ДКСК имам поднесено во рамки на законскиот рок, а објавата е должност на институцијата

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски посочи дека медиумот е алатка, која може да се користи за добро, но и лошо, како во случај на објавување невистини со цел да се наштети на нечиј углед.

„Такви невистини се информациите објавени на интернет порталите Курир, Лидер, Нетпрес и ДоказМ, со ист наслов „Скандал: Вицепремиерот кој треба да се бори против корупција, не поднел анкетен лист до Антикорупциска“.
Анкетен лист до ДКСК имам поднесено во рамки на законскиот рок, а објавата на анкетниот лист на ДКСК, е должност на институцијата.
Во изминатите три години, редовно ги поднесувам анкетните листови до ДКСК. Како министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, потоа како пратеник и сега како вицепремиер, во ниту еден момент не ги имам заобиколено, прекршено или задоцнето со законските процедури за транспарентна објава на имотната состојба.
До порталите е испратен демант кој очекувам да биде интегрално објавен на нивните веб страни“, истакна Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e