НИКОЛОВСКИ И АГЕЛЕР ВО ПОСЕТА НА ФАРМАTA НА ЈАСМИН И УРАН: Вредни земјоделци кои произведуваат козјо сирење и млеко, јајца, крем, превкусните чадено сирење и риба

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски заедно со Амбасадорката на САД, Анџела П. Агелер, ја посетија фармата на Јасмин и Уран во Горна Матка. Вредни земјоделци кои произведуваат козјо сирење и млеко, јајца, крем, превкусните чадено сирење и риба.
398327097_870946971065807_8597317627420453605_n
– Велат по храната денот се познава, а ние велиме храната е уште повкусна кога се дели со добри луѓе. Јасмин и Уран се млади земјоделци, корисници на субвенции за поддршка во сточарството, а со мерките кои ги преземаме поттикнуваме уште повеќе млади луѓе да се занимаваат со сточарство како гранка која е профитабилна и просперитетна, посочи Николовски.
395488517_870946941065810_3521194313491187860_n
398259318_870946731065831_3168316993110415942_n
Министерот потенцира дека со Правилниците за продажба од праг, се овозможува малите производители, руралните жени на легален начин да може да ги продаваат своите убави и автентични производи.
398299284_870946921065812_4635392237590391083_n
398327097_870946971065807_8597317627420453605_n
– Фармата на Јасмин и Уран е наменета и за рурален туризам, предлагам ова да биде ваша следна дестинација, убавините на Матка се незаменливи, додаде Николовски.
395488840_870947107732460_5761072574446084867_n
398284948_870946794399158_1911719139007433595_n
398286160_870947034399134_8204810294534662860_n
398290928_870946841065820_2652613301496514415_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e