Николовски: 6000 наши тимови ја завршуваат кампањата врата до врата за да разговараат со граѓаните за проблемите

-„Анкетите покажуваат дека состојбите и дека поддршката на граѓаните е токму на структурите и на политиките коишто водат напред а не коишто не водат назад.“- изјави генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски во вечерашното готување на „Топ Тема“ на ТВ Телма.

„Направивме над 600 урбани маалски средби, организиравме над 30 трибини, масовно посетени од граѓаните, 6000 наши тимови ја завршуваат кампањата врата до врата за да разговараат со граѓаните за проблемите, потребите, критиките и за креирањето на нашата нова програма така да ние постојано сме на терен..“, додаде тој.

-„Првенствено оваа Влада ја извлече државата од граѓанска војна која што можеше да ни се случи на 27ми април и никогаш граѓаните не треба да заборават што се правеше оваа криминална банда и структура во државата, која што е врзана со сите овие структури вклучително и со самото судство за да спречи и мирен трансфер на власта но и да се потсетиме на проблемите, на сето она што го имавме во претходните 11 години.“- потенцираше секретарот.

Ние денеска немаме меѓуетнички тензии, немаме тепачки по автобуси, ние денес немаме проблеми од типот каков што имавме во претходните 11 години, ја донесовме слободата да секој може слободно да говори, да критикува, да предлага. Ја донесовме демократијата за која што сите се боревме. Државата од изолирана стана светол пример, храбро влеговме во носење на историски одлуки коишто ги попречуваа сите генерации.“ – истакна Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e