-Во финална фаза е постапката за објавување на наменски јавен оглас, за доделување на државно земјоделско земјиште под закуп за стратешките полјоделски култури, информираше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски во гостување во „тема на денот“ на ТВ Сител.
-Заинтересираноста е голема, 6000 хектари државно земјоделско земјиште ќе биде ставено на располагање на земјоделците. Ги правиме сите напори, секоја педа обработливо земјоделско земјиште да го ставиме во рацете на вистинските земјоделци, се со цел зголемување на домашното земјоделско производство, порача тој.