5 милиони евра ставаме на располагање за проекти, инвестиции и финансиска поддршка за модернизација на земјоделството преку мерката 3 од ИПАРД2, соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.
-Набавка на модерна земјоделска механизација,
-опрема за производство и преработка со највисоки технологии
-изградба или проширување на производствените капацитети,
-поддршка за туризмот и руралниот развој се само дел од проектите кои се поддржуваат во рамки на #ИПАРД програмата.
Николовски посочи дека финансиските средства се доделуваат како неповратна финансиска поддршка, грант во висина до 50% од вредноста на вкупно прифатлиците трошоци на инвестицијата.
Рокот за аплицирање е до 06.09.2022година, а повеќе информации може да видите на следниот ЛИНК.
