Владата на Република Северна Македонија обезбеди 470 милиони евра со кои ќе се реализира четвртиот пакет економски мерки.
Со усвоениот ребаланс на Буџетот за 2020 обезбедивме поддршка на граѓаните и економијата за справување со последиците од коронавирусот.
🏗 Дополнително, обезбедени се средства за 19 капитални локални проекти:
✔️ Скопје – Реконструкција на Универзална сала
✔️ Куманово – Реконструкција на спортска сала Соколaна
✔️ Пробиштип – Проект за техничка вода за индустриска зона
✔️ Крива Паланка – Канализација Бурови бавчи и Бојанов дол
✔️ Кочани – Кружни текови на улица Теодосија Пенов
✔️ Охрид – Имплементација на препораките на УНЕСКО
✔️ Маврово Ростуше – Еколошко решение за управување со отпад
✔️ Центар Жупа – Реконструкција на улица Илиска Краста
✔️ Штип – Конзоли за пешаци
✔️ Валандово – Изградба на пат Чалакли-Татарли
✔️ Прилеп – Улица Кеј Први Мај
✔️ Дојран – Дел од канализациона мрежа с. Фурка
✔️ Демир Капија – Изградба на канализација
✔️ Чаир – Систем за водоснабдување
✔️ Тетово – Цевки за систем за водоснабдување
✔️ Сарај – Канализациона мрежа
✔️ Кичево – Изградба на ОУ с. Црвица
✔️ Скопје – Почеток на изградба на клучка кај Момин Поток
✔️ Скопје – Почеток на изградба на мост во Карпош 4 кон улица Скупи.
Република Северна Македонија и во услови на пандемија и светска економска криза има средства и капацитети да продолжи со грижата за граѓаните на централно и локално ниво.
ФБ статус на Љупчо Николовски