Николовски: 250 милиони евра европски пари ќе влезат во следните седум години во земјоделството

-250 милиони евра европски пари ќе влезат во следните седум години во земјоделството, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, во вечерашното гостување во „ТопТема“ на ТВ Телма.

-Добивме рекордна реализација на ИПАРД2 програмата за разлика од ИПАРД1 и заради рекордната и лидерска поставеност и искористеност на фондовите во целиот регион, ќе имаме 62% поголем ИПАРД буџет за производителите, преработувачите, појаснува Николовски.
Министерот Николовски, потенцираше дека капиталните инвестиции секогаш радуваат бидејќи парите се враќаат кај стопанството и граѓаните.
Обврска на министерството е да обезбеди капацитети, вработени, простории за реализација проеките во секторот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e