Вчера се одбележаа 118 години од Крушевската Република.
Меѓу присутните на одбележувањето на 118 годишнината од Крушевската република беа премиерот Зоран Заев заедно со министерот за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, заменик-претседателот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерот за здравство Венко Филипче.
„Нека 118 годишнината од борбата на револуционерите во одбраната на Крушевската Република биде наш вечен мотив за истрајност во борбата со сè што е зло, во борбата за живот во земја каква што посакуваме, сите заедно, сплотени и единствени“, посочи Николовски.

