Почитувани граѓани, работнички и работници, нека е честит 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот. Вие сте движечката сила на македонската економија и на развојот на нашето општество, истакна министерот за земјодекство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот.
„1 Mај е ден симбол на храброста и одлучноста, на борбата за подобро утре, ден за признание на трудот, ден за уште поголемо залагање за правата на работниците.
Продолжуваме да ги штитиме работничките права, во духот на солидарноста и социјалдемократијата, да бидеме целосно посветени на обезбедување услови за развој, напредок и еднакви можности за сите“, посочи Николовски.