-Ако владата помага и ги враќа парите према народот, сите се задоволни, освен опозицијата, која критикува на се што ќе се направи за доброто на народот. Ако владата бара финансии, во време на светска здравствена и финансиска криза, тоа за опозицијата е несоодветно и несовесно задолжување, а не гледаат на истото, како директна социо-економска, општествена и здравствена помош. – посочи денес од собраниската говорница пратеникот од редовите на СДСМ Сашко Николов.
Според опозицијата, најдобро е да седиме неми и глуви, за да можат тие истите, да добиваат популистички поени кај нашите македонски граѓани. – рече тој.
Додека здравствените работници деноноќно работат , за да го заштитат здравјето на своите сограѓани, ДПМНЕ, со редовни безпредметни протести, без одржување на социјална дистанца, без носење на заштитни маски, како максимално неодговорна опозиција, дадоа порака до граѓаните, дека освен за власт, немаат друг приоритет за својата лична политичка иднина. – истакна Николов.