Николоски за „Топ тема“: Македонија ќе добие „правосуден борд“ претставен од пет институци од Брисели

Пет институции – три од Стразбур и две од Брисел би ја мониторирале и средувале состојбата во правосудсвото и борбата против корупцијата, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, изјави синоќа Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ на „Топ-тема“ на „Телма“, цитиран од ДВ.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ смета дека е добро државата да добие датум за почеток на преговори со ЕУ, но според она што партијата го имала како сигнал – практично земјата ќе добие бројни предуслови, односно „датум за датум“.

Според истите сигнали, како што Николоски фигуративно се изрази, Македонија би добила еден вид правосуден борд, исто како што Бугарија во 90-тите години доби валутен борд за да се спаси од финасиски колапс. Тој „правосуден борд“ би бил претставен од пет институции – три од Стразбур и две од Брисел.

„Тие претставници на европските институции би ја средувале државата во делот на правосудсвото и борба против корупцијата, бидејќи за жал иниституциите под притисок на оваа Влада покажаа дека не можат да се носат со тој предизвик. Напротив, видовме сериозна корупција во највисоките институции, вклучувајќи го и СЈО“, сподели Николоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e