Невладината ЕГРИ дел од 3 проекта од Ерасмус + програмата

Невладината организација Граѓански центар за оддржлив развој ЕГРИ од Крива Паланка успешно учествува во Ерасмус + програмата на Европската Унија. Годинава ЕГРИ е дел од три проекта кои се спроведуваа во разни земји од ЕУ но и во земјите од Западен Балкан.

Проекти во кои ЕГРИ зема учество се проектите Social entrepreneurship as response on youth unemployment, каде како носечки партнер се јавува Центарот за развој на социјално претприемништво од Босна и Херцеговина, потоа проектот Addressing discrimination, radicalisation at youth work through art based approach, носечки партнер организацијата Антик од Албанија, како и во проектот Empowering rural youth organisation на организацијата Youth for social changes, исто така од Албанија.

348366374_708959334317807_2722644026638298796_n

Во продолжение накратко за овие три проекти:

Social entrepreneurship as response on youth unemployment

Во проектот Социјално претприемништво како одговор за младинска невработеност, покрај ЕГРИ и носителот од БиХ, учествуваа и 5 земји, односно организации од Албанија, Косово, Грција, Србија, Бугарија и Турција. Главната цел на проектот беше да се намали младинската невработеност преку зголемување на свесноста и знаењето за социјалното претприемништво како и да се зголеми меѓусекторската соработка.

bosna 2

Проектот опфати три тренинг курсеви (Македонија, БиХ и Албанија), еден семинар во Грција како и една студиска посета во БиХ каде учесниците имаа можност да посетат и да се сретнат со успешни компании кои работат во полето на социјално претприемништво.

Во рамките на проектот, од страна на ЕГРИ, се спроведоа и активности за градење на капацитетот каде учесниците на тренинзите, заедно со претставниците на организацијата организираа 3 работилници со млади луѓе и 2 дебати со невладини организации и претставници на општина Крива Паланка каде го споделија своето знаење добино преку проктните активности.

D-1-3

Addressing discrimination, radicalisation at youth work through art based approach

Еден од проектите во рамките на програмата Еразмус+ кој ја актуелизира темата на социјалната неправда е проектот „Справување со дискриминација и радикализација кај младинската работа преку пристап заснован на уметност, на водечкиот партнер, организацијата Антик од Албанија, вклучувајќи уште 6 земји од Западен Балкан и Европската унија вклучени во ова поле, и тоа од Косово, Македонија, Романија, Италија, Грција и Шпанија.

7

Главната цел на проектот беше да ги подигне капацитетите на организациите кои работат на полето на младите за ефективно да го користат пристапот базиран на уметност како алатка за создавање социјално инклузивни општества ослободени од дискриминација и радикализација. Самиот проект е составен од четири активности, и тоа два тренинг курсеви во Македонија и Косово, една студиска посета во Албанија и финалната активност на проектот, активностите за градење капацитети каде секоја партнерска организација, преку своите претставници кои учествувале во проектни активности, ќе го пренесе знаењето во локалните заедници.

addresing

Во Македонија, од страна на ЕГРИ, се оддржа трибина со млади луѓе каде од страна на учесник во проектот беа презентирани методи како уметноста може да се користи како успешна алатка за борба против радикализацијата и дискриминацијата како и добри пракси дознаени на студиската посета во Тирана.

Empowering rural youth organisation

Проектот Empowering rural youth organisation, финансиран од Еразмус + програмата на Европска Унија, носечки партнер Млади за социјална промени, е проект во кој млади од 12 земји (Македонија, Албанија, Црна Гора, Романија, Полска, Грција, Србија, Косово, Италија, Бугарија, Унгарија и Чешка) имаа можност да изучуваат интересни теми како проектен менаџмент, адвокаси или застапување, начин на финансирање на граѓанските организации и слично. Главен фокус на проектот беше да се зголемат капацитетите на граѓанските органзиации кои работат во рурални средини, на тој начин помаѓајки им на младите кои се соочуваат со недостатоци кои се нетипични за младите од поголемите центри.

polska1

Проектот опфати три тренинг курсеви во Македонија, Албанија и Полска, една студиска посета во Косово и еден Job Shadowing во Албанија каде во период од 10 дена претсавник на ЕГРИ имаше можност да работи директно со организациите од Тирана учејки од нивното искуство.

Во врска со диземинацијата на проектните активности, ЕГРИ спроведе  работилници во Крива Паланка и Свети Николе на тема Advocacy како и Проектен менаџмент и Fundraising.

polska 2

Еразмус+ е програма на Европската Унија. Нејзината цел е да ги поддржи образованието, обуката, младите и спортот. Можностите што ги нуди програмата за мобилност и соработка се дисперзирани низ земјите, од организации кои се подготвени да учествуваат со различни проекти и активности.

#EmpowerRuralYouth
#ActivateRuralYouth
#ErasmusPlus

Овој проект е ко-финансиран од Програмата Еразмус+ на Европската Унија. Содржината на публикацијата е единствена одговорност на издавачот и Европската унија не сноси одговорност за било каква употреба која може да биде направена од информацијата.

Print

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e