Нетипично топло време – За неделава најавуваат повеќе сонце преку ден

Нова промена на времето се очекува оваа недела, и тоа со температури кои се нетипичини за овој период од годината.

Синоптичарот Славчо Поповски најавува невообичаено топло време за декември во Европа и на Балканот.

Според него, температурите во наредните денови ќе бидат повисоки од просечните за декември дури и за повеќе од 10 степени.

Од Управата за хидрометеоролошки работи за денеска за Македонија најавуваат променливо облачно со сончеви периоди.

– Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб, a вдолж Повардарието умерен ветер од северен правец.

Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на слаба магла. Во текот на денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од северен правец – се посочува во нивната објава.

Температурите се очекува да достигна и до 14 степени.

Слично време ќе има и во наредните денови, со ниски утрински температури, но високи и нетипични дневни температури.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e