Брзиот имонулошки тест којшто во Македонија се нудеше во болницата “Систина”, не е од холандски производител како што се тврдеше, а се откри дека и лажно се декларира како попрецизен одошто е. Тестот за кој се тврдеше дека е 92,9 проценти прецизен, според експертите е обично “ѓубре”. Тимот репортери откри далеку поголеми проблеми на глобално ниво со овој тест. Тестот е кинески и не е прецизен, препакуван е во Холандија и нуден како европски. Oткриваме најмалку три брендови кои продавале тестови направени од кинески производител со европски и американски етикети. Тестовите се продадени на властите, здравствените институции и клиниките во земји, вклучувајќи ги Франција, Велика Британија, Индонезија и Русија. Да се купат и да се овозможат тестови како ова е легално. Меѓутоа, залажување на граѓаните за нивното вистинско потеклно и за перформансите на тестот, сепак не е.
Во период од неколку дена кон крајот на март, македонскиот државјанин Роџер Зекировски ги имаше сите препознатливи симптоми на Ковид-19; висока температура, болки во мускулите и сува кашлица. Но, според епидемиолошкиот прашалник, тој не ги исполни условите за лабараториски тест во државна болница.
Наместо тоа, Зекировски се реши за она што се чинeше како добра алтернатива: тест направен во Холандија – кој се прави на приватна клиника за само 20 евра – може да ја открие болеста со висок степен на точност за само неколку минути. Или барем тоа е она што го мислеше кога се упати дома враќајќи се од клиниката, олеснето, со негативен резултат на тестот.
Три дена подоцна, 45 годишниот Зекировски беше мртов. Официјалните резултати од постмортниот тест покажаа дека тој навистина бил заразен со САРС-КoВ-2 , вирусот кој го предизвикува КОВИД-19.
Целиот текст од Истражувачка репортерска лаборатирија Македонија на следниот ЛИНК.