Нема одмор додека Зврлевски не се „избрка“ од работа

Пратениците на СДСМ и нивните коалициони партнери од парламентарното мнозинство не планираат да земат летен одмор се додека не ја тргнат од дневен ред точката за разрешување на Јавниот обвинител поради неговото несовесно работење со повеќе повреди на неговата функција.

Сепак, досега повеќе пати се најавуваше дека конечно ќе се одржи потребната собраниска расправа, но пратениците на опозицијата со бројот на пријавени за збор и постојаните процедурални забелешки кои ги добија согласно Деловникот и формирањето десет пратенички групи сериозно го блокираше целиот процес.

Опозицијата смета дека Зврлевски е професионалец и сосема совесно работел како јавен обвинител, па има прогнози дека неговата смена ќе треба да почека дури и до локалните избори во октомври.

Претседателот на Собранието Талат Џафери најави дека изборите ќе ги распише на 6 август, а на 8 август Собранието треба да замине на колективен одмор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e