На прес-конференција попладнево претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) Јаким Неделков ја објави одлуката на Советот на СОНК. врз основа на изјаснувањата на синдикалните органзиации за предлогот на Владата.
Образовниот кадар во основните и средните училишта, како и персоналот во градинките утре повторно нема да влезат во училниците иако министрите за образование, Јетон Шаќири, и за труд и социјална заштита, Јованка Тренчевска, апелираа наставата да продолжи за доброто на децата.
Синдикалните организации на СОНК не го прифатија предлогот на Владата и одлучија да го продолжат штрајкот во образованието, истакна Неделков.
СОНК продолжува со генералниот штрајк во образованието, соопштија попладнево од Синдикатот. Утре градинките ќе згрижуваат само деца чиишто родители немаат каде да ги згрижат, а настава во училиштата нема да има.