Не Заев, туку домашна и меѓународна експертска комисија, ќе ги постави темелите на прочистување на правосудството, порача Заев

Преку прочистување на правосудството секој кој застарувал предмети ќе биде разрешен. Не Заев, туку домашна и меѓународна експертска комисија, создадена уште во првите 100 дена, ќе ги постави темелите на прочистување на праводсуството, рече вечерва во интервју за ТВ Телма лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Антикорупциска преку УЈП преку други институвии ќе врши проверка и потекло на пари и имоти на судии, потекло вклучително и на политичари, потенцираше Заев.

Заев 10 пати е „чешлан“. Сме се нафатиле да и служиме на државата, граѓаните треба да бидат на чисто, исто е со судиите и обвинителите. Без правна држава нема ни економија ни здравство, ни образование затоа велиме дека е потребен почеток на постапката уште во првите 100 дена, рече Заев.

Заев најави и комплетна ревизија на судски постапки бидејќи како што рече има многу горчини, многу недочекани правди кај нашиот народ.

Јасна дистинкција меѓу политиката и правосудството, преку извршната власт и парламентот. Ако политичарите реформираат правосудство тоа е влијание. Затоа бараме од ЕУ меѓународни експерти. Бараме поддршка за практично имплементирање на новите законите од рефомирите, рече Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e