НЕ СЕ СИТЕ ИСТИ АКО ЕДНИТЕ ГОНАТ КРИМИНАЛЦИ, А ДРУГИТЕ ГИ ШТИТАТ

Обвинителската истрага за Мухамед Зеќири, доскорешен генерален секретар на Владата, е последна од неколкуте кои Јавното обвинителство ги покрена за функционери од власта, некои завршија и со обвинителни акти, а во тек се и неколку судски процеси.

Ако се следат овие примери тогаш недвојбено е мислењето дека оваа власт постапува поинаку од децениската власт на ВМРО ДПМНЕ кога станува збор за криминалот во своуте редови, кога Никола Груевски ги штитеше своите високи партиски соработници, а потоа се покажа дека така се штител и самиот себе.

Според зборовите на обвинителката Вилма Русковска, која уверува дека има јасен случај со финансиски криминал, станува извесно дека ќе следува судски процес против Зекири, инаку претходно пратеник во парламентот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e