Неканет гостин е недобредојден гостин. Не бев поканет ниту на инагуарацијата, а не бев поканет ниту на ова годишно обраќање на господинот Пендаровски, бидејќи првиот пат беше грешка на протоколот, а сега ќе слушнеме претпоставувам нешто слично без да има никаква одговорност, одговори денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање зошто не присуствувал на годишното обраќање на претседателот Стево Пендаровски во Собранието.
На прашањето како го коментира орбаќањето на Пендаровски, кој повика на граѓанско помирување, но и прочистување на судството, Мицкоски нагласи дека тој во обраќањето на шефот на државата не чул конкретна понуда за решавање на посочените проблеми.
– Видете многу е едноставно да се констатира што не е во ред како дијагноза, но прашањето е тие луѓе што имаат можност каков рецепт за надминување на таа дијагноза нудат. Но, јас не слушнав од обраќањето каква било понуда, освен неколку работи кои што ги ископирал од она што ние го говориме недели наназад, поврзано со одговорност не само на судии и обвинители, туку и на политичари, нивни семејства, поврзано со лошото функционирање на судовите, обвинителствата, изјави Мицкоски.