„Кога имавме штрајк во времето на ВМРО ДПМНЕ немавме ниту можност за преговори, ниту ни понудија процент, туку само не казнија парично и тогаш многу наставници излегоа од СОНК.“- изјави директорката на Државен испитен центар, Елизабета Наумовска.
„Како наставник да ви соопштам, во 2008 година, основната плата беше 14 500 денари, во 2009 година, основната плата беше околу 18 000 денари. Колективниот договор наместо да ни се пресметува по коефицинет 2,575 бил исплаќан 2,410. Единствено покачување во ВМРО ДПМНЕ сме добиле во 2014 година и тоа 4 отсто, тоа е единствено покачување кое реално го добивме на платите. Ние отсекогаш сме имале ниски плати, сум била дел од СОНК, ги оправдувам со барањата, но приоритет мора да ни се учениците.“ изјави Наумовска како реплика на Весна Јаневска од ВМРО ДПМНЕ која тврдеше дека платите биле зголемени за 67 отсто.