НАТО го одбила пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки за безбедносен сертификат во 2019 година, покажува документот кој беше испратен до А1он.
Според овој документ, Службата на НАТО за безбедност покажала дека тој не ги исполнува стандардите за да добие безбедносен сертификат, пишува порталот.
Ковачки пак, за А1он вели дека не е точно дека бил одбиен за НАТО сертификат, со тврдење дека не го повлекол барањето за добивање на НАТО сертификат.
Документот до кој дојде А1он покажува дека Ковачки поднел барање за ветинг во НАТО, со цел да биде проверено дали може да добие безбедносен сертификат, но по некое време, тој го повлекува првичното барање. Но, додека тој да го повлече барањето, службата веќе го обработува неговото барање, по што Ковачки добива негативен одговор.
„НАТО канцеларијата за безбедност иако барањето за ветинг е повлечено, сепак ја комплетираше ветинг истрагaта и врз основа на заедничката проценка на двете тела погоре споменатата личност не ги исполнува стандардите на НАТО за да поседува НАТО безбедносен сертификат“, стои во документот.
И покрај посочувањето дека А1он го има дописот, Ковачки вели дека било лага дека го повлекол барањето, со став дека се работело за конструкција на актуелната министерка за одбрана, Славјанка Петровска и нејзината претходничка, Радмила Шекеринска преку свои канали во Брисел, а со цел негово дискредитирање.