Наследството на Груевски

Вмровците треба да го постават прашањето и да дадат непристрасен одговор: дали нашето владеење беше чесно? Искрениот одговор ќе биде многу тежок за една самозаљубена „патриотска“ партија, опседната со митови од минатото.

Кога императорот Нерон станал свесен дека бунтот на генералите во римските провинции не може да се запре и дека Сенатот целосно се свртел против него, тоа почнал да го толкува како злосреќна игра на судбината, а не како како крај на злоделата за време на 14-те години диктаторско управување со Рим. Омразата кон Нерон го стигнала врвот кога тој извлекувал големи лични профити од високата цена на житото. И кога од Александрија пристигнал брод кој носел песок за неговите борачи додека во Рим владеел глад. Ноќта кога го напуштиле сите, дури и слугите, извикал: „Јас, значи, немам ни пријател ни непријател?“ Па само со четворица придружници избегал во вилата на еден ослободеник, каде плачел и постојано повторувал: „Каков уметник си заминува!“, споменувајќи си ги неговите поетски рецитали и свирењето на лира. Нерон си го пресекол вратот со помош на неговиот книжничар кога војниците биле на портите од вилата. Се сметал рамен на Аполон во пеењето, а на Сонцето во возење кочија. Историчарот Светониј пишува дека имал желба да му подготват и лав кого би го убил во арената, пред очите на народот, со еден цврст стисок на рацете.

Ова е крајот на еден од најозлогласените диктатори во историјата. Многумина други завршиле слично како него – понижени и обесчестени, онака како што тие се однесувале кон сопствениот народ. Политичкиот крај на овдешниот деспот, Никола Груевски, кој десет години владееше со цврст стисок, се разбира, не може да се споредува со вакви судбини, тоа би било и невкусно и злонамерно. Има една нишка која ги поврзува речиси сите деспоти – копнежот кон бесмртност и вечна слава, кој во еден момент ја преминува границата да не може да биде зауздан. Нерон си обезбеди вечна слава во уметноста поради една причина – неговата огромна „Златна палата“, изградена по големиот пожар во Рим остана до ден-денешен целосна само поради тоа што наредните владетели сакаа да го избришат секој спомен за него, па Трајан изгради цел комплекс бањи врз палатата. Светониј пишува дека оваа палата била најраскошна во римската империја и Нерон велел дека „конечно се сместил како човек“. Неговото наследство е откриено сосем случајно во 15 век од едно момче, а потоа во пештерите во земјата ползејќи влегувале и Микеланџело и Рафаел за да ги видат, да им се восхитуваат и да ги проучуваат чудесните фрески, па дури и да ги врежуваат нивните имиња на ѕидовите.

Целиот текст на дојче веле прочитајте го тука

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e