Според објавата на министерство за труд и социјална политика, вторник 07 јануари (Божиќ) ќе биде неработен ден за сите граѓани на Македонија додека понеделник 06 јануари (Бадник) само за граѓаните од православна вероисповед.
Ова значи дека вклучувајки го викендот, сабота и недела, ни претстојат четири неработни денови кои можете да ги искористите да прошетате некаде настрана или пак добро да се одморите и во мир и спокој ги поминете новогодишните празници.
На следниов линк погледнете ги сите неработни денови за 2020 година.