Наскоро ќе биде познат Воениот претставник во Мисијата на НАТО

Воен претставник во Мисијата на НАТО се очекува да биде избран и испратен до самитот на Алијансата во Лондон, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Таа појасни дека во Министерството за одбрана веќе бил распишан интерен оглас за пројавување интерес за оваа позиција и оти има листа на потенцијални кандидати.

– Имаме список на кандидати кои што ги исполнуваат одредените критериуми и уште во текот на демешниот ден ќе имам средба со Претседателот и ќе разговараме за предлозите што јас ги имам или што тој ги има. Очекувам ова прашање навистина да се реши во следните денови. Подготовките за Самитот се веќе завршени и ние таму одиме со в.д. Амбасадор, појасни Шекеринска додавајќи дека именувањето на амбасадор во Мисијата во НАТО е во надлежност на МНР.

Таа додаде дека оваа година двојно била зголемена по бројност нашата Мисија во НАТО и во однос на цивилен и воен персонал и очекува до средината на следната година целосно да се комплетира воениот дел од Мисијата.

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e