Многу скоро ќе го намалиме данокот на добивка за ИКТ компании за одредени дејности на три проценти и се надеваме дека голем број домашни и странски компании ќе ги зголемат своите капацитети, ќе отворат нови работни места со многу подостоинствени плати, како што тоа го нудат ИТ компаниите, изјави денеска министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.
На денешната панел дискусија „ Дигитализација 2019 во Република Северна Македонија“ Манчевски истакна дека Владата ги поддржува домашните и странските компании во активностите за развој на бизнисот и ги мотивира да инвестираат уште повеќе во капацитети.