На вчерашната комисија за образование на која се расправаше за извештајот на УКИМ и каде беа поканети да присуствуваат членови на Студентскиот парламент се појави член на СПУКМ кој бил дел од толпата која на 27 април годинава насилно влезе во Собранието и брутално ги нападна пратениците на тогашната опозиција, пишува А1он
Се работи за Александар Каратошо кој е избран за член на Студентскиот парламент на последните избори кои се случија минатата година.
Студентите ги бојкотираа овие избори велејќи дека за време на изборот на членовите на парламентот биле направени низа нерегуларности. Неуспешниот отпор на студентите заврши со полициска бруталност, а изборите беа признаени.

На „крвавиот четврток“, Каратошо објавил слика на својот Фејсбук профил како седи на местото на претседателот на Собранието, а над сликата напишал:
„Сакаа нов претседател на Собранието? Еве сум, а Собранието никогаш не било поубаво“.
![]()
