– Нашиот Вранец ќе се натпреварува на најпопуларниот вински натпревар Concours Mondial de Bruxelles.
На јубилејниот 30-ти меѓународен натпревар, пред околу 400 вински судии, вински новинари и вински критичари од сите четири страни на светот, беше најавено дека помеѓу првите три сорти избрана е една од “балканската винска градина”, сортата Вранец, објави министерот Љупчо Николовски.
– Влегувањето на сортата Вранец во протфолиото на натпревари на Конкур Мондиал де Брисел, значи голема светска промоција на вината од оваа сорта и македонските вина како едни од најдобрите. Да му посакаме на нашиот Вранец успешна светска промоција, вели ресорниот министер.
