НАШ ГЛАВЕН ФОКУС СЕ МЛАДИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ И ЖЕНИТЕ ЗЕМЈОДЕЛКИ, Николовски од Градско

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, денеска во Градско одржаа повеќе средби со успешни земјоделци, корисници на мерките млад земјоделец и мерката рурална жена.

417532371_946222343538269_6561941868076791051_n

Младите земјоделци и жените земјоделки, сите овие години, од 2017 до денес, се во нашиот главен фокус при работењето на министерството. Токму за поддршка на младите земјоделци обезбедивме две мерки за грант поддршка од 10.000 и 20.000 евра, како мотив да започнат и активно да се вклучат во земјоделството. Денес вкупно имаме 838 млади земјоделци корисници на овие мерки. Дополнително покрај овие мерки, младите земјоделци поволност имаат и при користењето на земјоделското земјиште, а при аплицињаето на национланите програми добиваат поголем процент на кофинасирање.

417543104_946222396871597_2551839541387111730_n

Жената земјоделка пак, ја поддржуваме со грант до 6.000 евра, преку мерката за поддршка на руралната жена. Кај оваа мерка до сега аплицирале и успешно ја искористиле вкупно 320 жени. Денеска во ЕРЗС системот имаме запишано 30.292 жени земјоделки, што споредбено со 2017 година, е зголемување за околу 9.000 нови жени земјоделки.

417696556_946222573538246_1815216975084022184_n

Во рамки на денешните средби во Градско министерот Николовски и директорот на АФПЗРР Бачовски во селото Виничани остварија посета на семејството Спасовски. Вредни и посветени земјоделци, кои успешно ги искористиле мерките што министерството ги става на располагање за поддршка на земјоделците. Гоце е млад земјоделец, корисник на истата мерка, а неговата мајка корисник на мерката рурална жена. Преку поддршката од овие мерки имаат набавено трактор и приклучна механизација.

420243529_946253383535165_2811346380857916129_n

Горди сме на секоја една жена земјоделка што посветено, макотрпно и вредно придонесува во македонското производство. Токму Љубица од село Виничани е таков успешен пример. Љубица се занимава со градинарство, овоштарство и полјоделство, а преку националната програма за рурален развој има добиено поддршка за набавка на трактор.

419488168_946222486871588_8342108128737789286_n

420199463_946253070201863_7427787934313182846_n

Нашата поддршка кон жената земјоделец не застанува само со овие мерки. Па така од 2017 година до сега сме поддржале 625 жени земјоделки за набавка на трактор, 158 добиле поддршка за набавка на педигриран добиток, 111 добиле финансика поддршка за набавка на системи капка по капка, 12 добиле поддршка за набавка на комбајн за ориз, 7 добиле за комбајн за жито, 12 за набавка на силоси и 10 жени земјоделки поддршка за набавка на опрема за тутун.

420420036_946253030201867_8711561830292969098_n

Низ сите овие години, од 2017 година до сега, преку овие мерки, сме поддржале 1.700 жени земјоделки, со поддршка во вредност од 1,1 милијарди денари.

Министерот Николовски и директорот на АФПЗРР Бачовски во селото Водоврати  ја посетија и фармата на сточарот Исмаил, кој одгледува околу 20 крави. Исмаил изрази благодарност за брзата исплата на субвенциите во сточарството, како и за новите мерки што се креирани за поддршка на сточарите оваа 2024 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e