Највисоката пензија во земјава изнесува 725 евра , најниската 186 евра. Зголемување за 1 000 денари како “ад-хок” решение ќе добијат сите пензионери за период од три месеци.Дополнително се промени и моделот за пресметка на зголемувањето – во однос на два параметри, трошоци на живот и раст на просечна плата.
Во меѓувреме, во земјава соодност на вработен-пензионер е подобрен но и натаму “ранлив” од аспект на одржливост на државниот пензиски фонд, пренесе Порталб.
Вимателно со растот на пензиите – дефицитот во ПИОМ не смее да се продлабочи…
Мартовската, априлската и мајската пензија еднократно, за сите пензионери ќе биде зголемена за 1 000 денари. Дополнително Владата одлучи да го промени и моделот врз основа на кој ќе ги корегира пензиите – во одност на трошоците на живот и во однос на растот на пресечната плата во државата. Во моментов овие два параметри се во нагорна линија – што треба да предизвика раст на пензиите и по овие основи. На ваков начин според владата се обезбеди решение со кое ќе се заштити стандардот на пензионерите.
“Просечната пензија во 2022 година, во однос на минатата година, ќе биде повисока имајќи ги предвид трошоците за живот и зголемувањето на просечната плата кај нас.Важно е дека ова е систематско решение и нема да има влијание во зголемувањето на стапката на пензиските придонеси” – оценуваат од ПИОМ.
Според дел од економистите одлуката за раст на пензиите е добредојдена во услови на растечки цени и воопшто економска криза, но се предупредувње за две клучни прашања, дали решението за еднократно зголемување на пензиите од 1000 денари е одржливо и праведно и второ, да не се наруши стабилноста на сегашниот државен пензиски фонд.
Зошто се алудира на “правдно “решение за раст на пензиите? Во март, април и мај повисока пензија за 1 000 денари ќе добијат и пензионерите со најниски и оние со највисоки пензии. Според податоците од ПИОМ во јануари во земјава имало 326 841 пензионери, од нив скоро 48% имаа пензија до 14 000 денари а само 31% повисока од 18 000 денари.
Но ако се анализира од аспект на просечна исплатена пензија во земјава – таа изнесува 264 евра или 16 300 денари. Само 0,4% од пензионерите имаат пензија во висина од 44 778 денари до 59 674 денари – пензии кои се со максимално највисоки износи.
“Тримесечниот износ од 3,000 денари вкупно, е линеарен за сите пензионери, без разлика на висината на пензија. Иако наменското зголемување е оправдано – заради ублажување на негативните последици од енергетската криза и порастот на цените, сепак тоа е форма на ад-хок зголемување, и евентуални идни вакви наменски зголемувања треба да се рационализираат само кон примателите на пониски пензии” – оценуваат од институтот “Financethink”.