Најмладиот починат од корона вирус има 34 години

Најмладото починато лице од денешната статистика е на возраст на 34 години.

Починати се 18 лица, седум пациенти од Скопје (72, 34, 73, 83, 51, 56, 58г), еден од Куманово (60г), двајца од Струга (70 и 82г), двајца од Битола (48 и 78г), четири пациенти од Охрид (84, 82, 70 и 78г), еден од Кочани (55г) и еден пациент од Ресен (72г). Пациентите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 78305, бројката на оздравени пациенти е 54034, на починати е 2292, а бројот на активни случаи изнесува 21979.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e