Починатата пациентка на 30 години која денеска влезе во извештајот на ИЈЗ, имала претходни коморбитети.
Тоа е најмладото лице кое во последните 24 часа ја загуби битката со коронавирусот. Починало во болнички услови, во болницата 8-ми Септември.
Исто така уште едно лице од Пробиштип на 35-годишна возраст го загуби животот. Тоа најверојатно се лекувало во приватна болница.
Вчера почина 22-годишна родилка од Скопје. Според изјавите од ГАК, пациентката два пати одбивала да биде хоспитализирана, по што ја загубила битката со ковид-19.