Врнежите од дожд го изгасија пожарот што беснее неколку недели во Македонски брод. Според последните информации од Центарот за управување со кризи се уште има неколку активни пожари низ Македонија.
Во југозападниот регион активен е пожарот во општина Кичево на Бистра планина каде горат пасиште и нискостеблеста дабова шума. Гори и во повардарскиот регион.
Пожарот во Богомила е под контрола со помош на месното население каде е организирано и дежурство во текот на ноќта.
Во општина Кавадарци активен е пожарот во Галиште. Активен пожари има и во Пелагонискиот регион во близина на населените места Мажучиште, Мраморани и Горно село.
Состојбата на пожарот се менува поради неповолните временски услови, дува силен ветар кој го менува правецот на пожарот.