Се повеќе земјоделци, секојдневно, јавно го искажуваат својот револт и разочараностa од политиките на власта во секторот Земјоделство и ресорниот министер Цветан Трипуновски.
“Ако остана на Цветан да го промовира Декио низ Прилеп и прилепско и по фирмите и манифестациите , да ставиме крст уште сега на ветувањата (лагите) кои им се кажуваат на прилепчани и жителите на околните населени места. Најголемата загуба на гласови Дпмне ќе ја има токму од земјоделците кои излажани од Цветан во последната година својот револт ќе го изразат токму на локалните избори.
-Излажани производителите на жито со мизерна цена која е помала од производната.
-Излажани производителите на ориз!
-Излажани лозарите!
-Излажани производителите на ајварката!
-Излажани овоштарите!
-И на крај ќе бидат излажани и тутунарите кои токму Прилепските пратеници “Декио” се пофалија дека учествувале во решението за измени на законот за тутун со забрана на увоз на тутун додека не заврши откупот, а потоа увозот е слободен и со тоа ќе се постигнело повисока цена.
Глупоста на вакво решение тутунарите ќе ја осетат на своја кожа в’зимо кога ќе почне откупот на тутунот.
Цветан, остај го Декио го знаат добро прилепчани Дпмне е власт во Прилеп 4 години,Декио беше преседател на совет 2.5 години. Дпмне е централна власт 1, 5 години а Декио пратеник 1.5 година и за Прилеп нема со прст мрднато, една шајка нема заковано а ти оди кај производителите на ајварката каде им ветуваше цена од 35 денари за 1/2 класа и кај лозарите на кои им остана грозјето по нивите.”
Фејсбук статус објавен во фан групата Тутунарите од Македонија
