Служебниот пиштол на Горан Грујовски, кој е во бегство е вратен вчера, соопшти денеска на прес конференција министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Истрагата се уште не се сооптштува официјално каде се наоѓаат избеганите Грујовски и Никола Бошковски, кои се осомничени во предмети на Специјалното јавно обвинителство.
– Министерството си ја врши својата задача и трага по нив, но поради тајноста на постапката не може да соопшти информација во јавноста – рече Спасовски.