-Заедно со премиерот Ковачевски како Владина делегација сме во дводневна посета на Абу Даби, информира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Министерот посочи дека на денешната средба со Мохамед Саиф Ал Суваиди генерален директор на Фонд за развој на Абу Даби, и Калифа Ал Кубаси заменик генерален директор, биле отворени можностите за инвестирање во нашата земја, инвестиции во областа на агро бизнисот.
-Ги посочив бројните можности за инвестиции во капитални проекти за наводнување, инвестиции во преработка како и реализација на „Зелената агенда“, дигитализацијата, иновациите и современа технологија во земјоделството. Следуваат состаноци на оперативно ниво на кои ќе разговараме за следните чекори, појасни Николовски.
