До сабота ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Дневната температура наместа ќе надминува 40 степени и насекаде ќе биде над просекот за месец јули, соопшти УХМР.
Во недела ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Дневната температура ќе биде во опаѓање.