(НАЈАВА) Вечерва во 360°: Власта и опозицијата во деликатниот политички момент во кој се наоѓа државава

Емисијата „360 степени“, во која дебатираат универзитетските професори Васко Наумовски (ексвицепремиер и амбасадор) и Ненад Марковиќ (член на Советот за безбедност), како и новинарот Џелал Незири, се емитува вечерва (20 ноември 2020 г.) од 22:00 часот на ТВ Алсат

Џелал Незири, Ненад Марковиќ и Васко Наумовски – дебатираат во „360 степени“
Блокадата од Бугарија само се придодаде на нефункционалниот парламент и есенскиот бран на ковид-19. Опозицијата, и од македонскиот и од албанскиот блок, бара оставки од Заев, Димитров, Османи и Филипче, формирање широка влада или влада за национален спас и предвремени парламентарни избори. Што и како понатаму? Можен ли е пробив на релација Скопје-Софија до 8 декември, кога повторно ќе заседава Советот за општи работи на ЕУ под германско претседателство? Што ако не, кој пат треба да го фати државата? Има ли друг пат? Може ли и како Собранието да стане функционално? Која е улогата на опозицијата во овие процеси?

Дебатираат: Васко Наумовски, универзитетски професор, поранешен вицепремиер, амбасадор во САД и специјален пратеник во разговорите за името; Ненад Марковиќ, универзитетски професор, член на Советот за безбедност – советодавно тело на шефот на државата; Џелал Незири, уредник во Центарот за истражувачко новинарство СКУП.

„360 степени“ почнува во 22:00 часот на ТВ Алсат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e