Над 320.000 пензионери од утре ќе може да ги подигнат априлските пензии

Исплатата на априлските пензии почнува од утре (24.04, петок). Над 320.000 пензионери ќе ги имаат пензиите на своите сметки.

За да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19, пензиите ќе бидат исплатени предвреме, а подигнувањето во експозитурите на банките ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата.

Министерството за труд и социјална политика потсетува на обврската за носење лична заштита којашто ги покрива пределот на носот и устата, заради спречување на ширење на коронавирусот и за заштита на населението за време на вонредна состојба. При чекање ред пред и внатре во банките, треба да се запази минимум потребно растојание од најмалку два метра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e