НАД 20 МИЛИОНИ КИЛОГРАМИ ГРОЗЈЕ Е ОСТАВЕНО ДА СКАПУВА НА НИВИТЕ! ЛОЗАРИТЕ ПОВТОРНО ОСТАВЕНИ НА ЦЕДИЛО! – алармираат од СДСМ Кавадарци.
Бербата на винското грозје се ближи кон крај, а на терен се случува вистинска катастрофа.
Повеќе од 20 милиони килограми грозје стојат оставени, без откуп, без план и без поддршка.
Голем број лозари со месеци се надеваа дека трудот ќе им биде соодветно откупен и платен, а денес нивниот род пропаѓа пред нивните очи!
Секој изминат ден значи изгубен квалитет, изгубена тежина и изгубени пари за лозарите.
И токму тоа отвора сериозен сомнеж:
Дали ова е смислена стратегија на ВМРО-ДПМНЕ, да се остави грозјето да пропадне, па потоа да се прогласи за неквалитетно и да се откупи по пониски цени?
Ветувањата што доаѓаат од власта се само празни зборови. „Сѐ ќе било откупено“, слушаме секој ден, а на терен гледаме хаос.
Забавен откуп, без јасен план и без одговорност.
И повторно истата приказна.
Се појавува винарија која ќе го „решела“ проблемот.
Тоа е винаријата „Вардар“.
Но лозарите знаат дека:
• „Вардар“ последен пат купувала грозје во 2020 година.
• Капацитетот на винаријата е едвај 7 милиони килограми, далеку од останатите 20 милиони.
• Никој не знае дали оваа винарија има пари да ги исплати лозарите.
Ова не е решение – ова е уште една манипулација на сметка на луѓето што со години одгледуваат лозје.
Го повикуваме премиерот Христијан Мицкоски да дојде кај лозарите.
Не во студио, не со соопштенија, туку на нивите, лице в лице со луѓето што ги изневери. Да објасни како ќе се реши хаосот.
Лозарите не бараат милостина!
Бараат фер цена, навремен откуп и сигурна исплата.
Не им требаат ново „Повардарие“.
Им треба вистинска поддршка, а не шеми и манипулации!
Наместо да ги бранат лозарите, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, дури и двајцата пратеници од Кавадарци, гласаа против предлог-законот на СДСМ за +3 денари по килограм и против укинување на одредбата за 8% намалување на цената.
Ние ќе продолжиме да бидеме гласот на лозарите.
Ќе се бориме нивниот труд да не биде газен, нивниот род да не пропаѓа, а нивната иднина да биде обезбедена! – велат од СДСМ Кавадарци.