Над 2.140 граѓани ги донирале парите од повратот на ДДВ

Над 2.140 граѓани досега одлучиле да ги донираат парите кои им се враќаат од повратот на платениот ДДВ, односно од скенираните фискални сметки.

IMG_20200426_094527-960x1729

Корисниците на апликацијата Мој ДДВ можат да изберат дали ќе си ги задржат парите кои ќе се исплатуваат за скенираните сметки за првото тримесечје односно за јануари, февруари и март. Со донацијата се учествува во борбата против корона вирусот.

-За остварениот износ за поврат на ДДВ во првото тримесечје во оваа година, граѓаните ќе имаат можност да изберат опција за донирање на дел од данокот на додадена вредност за кој имаат право на враќање, најдоцна до 5-ти мај 2020 година, информираа неодамна од Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e