НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ИМ “ПУКНА ФИЛМОТ”, БАРААТ ОСТАВКА ОД ТРИПУНОВСКИ. “Се што вети, ништо не исполни”, велат оризопроизводителите

Со земјоделска механизација оризопроизводителите од општина Чешиново-Облешево во текот на вчерашниот ден излегоа на протест и ја блокираа едната коловозна лента од магистралниот пат Кочани – Штип за да го изразат незадолството од актуелните политики на почетокот на сеидбената сезона.
Тие бараат итна ОСТАВКА  од ресорниот министер Цветан Трипуновски поради како што велат неостварените ветувања.
“Министерот што побргу да си даде оставка, да го нема, бидејки се што кажа, се излажа, ваков министер никогаш не сме имале. Јас лично ланската година го дадов оризот 39 денари а сега го давам за 26 денари, 13 000 евра сум во загуба“, вели оризопроизводител од Чешиново-Облешево и нагласува дека бараат прием кај премиерот за да ги слушне нивните маки.
Земјоделците се жалат дека со планот за наводнување во атарот на нивните населени места, површините што треба да се сеат со ориз се намалени за 50 до 70%.
“Рокот за сеидба е пробиен, вода сеуште нема во нивите, планот што го имаат донесено не го спроведуваат, доведени сме во ситуација да мора да протестираме”, “”Министерот и раководните структури се водат со манипулации, се што се кажа, се се излажа”, се жалат тие.

Видео прилогот е од ИПТВ Канал 8 – Кочани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e