На располагање државните претпријатија за комплетно санирање на штетите во Крива Паланка – еве кои критични точки се први

-Брзо и ефикасно ги решаваме и надминуваме сите предизвици со кои се соочуваат нашите сограѓани. Ги ставаме на располагање државните претпријатија за комплетно санирање, заштита и реконструкција на улиците, предизвикани од обилните врнежи што ги зафатија општините Крива Паланка и Делчево, соопшти пред малку министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
Најкритичните места на кои веднаш ќе се интервенира во Крива Паланка се:
✅️свлечиште на улица Св. Јоаким Осоговки,
✅️стар манастирски пат,
✅️земјени патишта и пропусти во атараот на село Трново, Киселица, Добровница, Осиче, Мала Црцорија, Кркља, Жидилово, Огут, Нерав, Крстов Дол, Градец, Конопница, Мождивњак, Борово, Длабочица, Баштево и Тлминци
✅️локални асфалтни патишта с. Кошари, дел од улица Калин Камен, дел од патот кон манастирски комплекс, дел од локален пат с.Трново и дел од патот кон с.Борово
✅️локален пат Дурачка Река село Дренак.
Во општина Делчево:
✅️крак на Булевар Македонија,
✅️улица Булевар Македонија,
✅️мост на реката Брегалница,
✅️дел од улицата Царевоселска,
✅️дел од улица Голачка,
✅️дел од улица Иво Лола Рибар,
✅️дел од улица Јане Сандански
– Никој не е оставен сам. Оваа Влада покажа разбирање, и вистинска грижа за граѓаните, порача министерот Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e