Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски информираше дека се враќа во функција агро- советот.
Драго ми е што на мој предлог, на денешната владина седница, усвоено е изменувањето на одлуката за формирање на советот за земјоделство и рурален развој, истакна Николовски.
Николовски посочи дека агро-советот игра клучна улога во носење и креирање на актуелните политики за земјоделство и рурален развој.
„Дебатите помеѓу сите релевантни чинители во Советот значително придонесуваат кон подобрување на политиките во насока на решавање на проблемите на терен, како и унапредување на состојбите во земјоделството и руралните средини“, рече Николовски.