На иницијатива на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска заедно со сите засегнати страни и надлежни институции се одржа состанок на кој детално беа разгледани сите досегашни активности на АХВ за спречување на болеста Африканска свинска чума.
„Заеднички подготвивме дополнителни предлог заклучоци и предлог мерки за делување, и истите ќе бидат предложени на утрешната владина седница.
Една од мерките која утре ќе биде доставена до Владата е формирањето на координативно тело за следење и спречување на Африканската свинска чума, кое се формира токму по барање на здруженијата од свињарскиот сектор.
Силно апелираме до сите институции за максимална вклученост во битката за спречување на ширењето на оваа болест“, посочи Николовски.